
Романец кој живее во Германија заедно со сопругата и нивните пет деца покажа колку плата заработува и колку пари му остануваат на крајот од месецот. Тој горчливо вели дека ќе ја напушти оваа земја и ќе оди таму каде што неговото семејство ќе биде посреќно.
„Германија не е она што беше порано“
Романец кој работи во Германија детално покажа, во видео објавено на TikTok, колку плата заработуваат тој и неговата сопруга, колку добиваат децата преку детски додаток и колку „им останува во рака“ на крајот од месецот по сите трошоци.

Видеото, кое стана вирално, ја опишува реалноста низ која минуваат многу романски семејства кои заминале во странство да работат.
„Сакам да ви покажам дека дури ни Германија не е она што беше пред 10-15 години. Ние сме седумина – пет деца. Денес ги добивме платите, а пристигнаа и детските додатоки. Ајде да пресметаме“, рече Андреј на TikTok, додека ги ставаше сметките една по една на масата.
Семејството заработува вкупно 6.400 евра месечно: тој заработува 2.900 евра, неговата сопруга Анѓелика 2.500 евра, а децата добиваат 1.000 евра преку детски додаток.
„Има многу пари, бидејќи работиме. Приходите се големи, но на крајот од месецот, кога сè ќе се собере и одземе, речиси ништо не останува“, вели тој.
Колку им останува на крајот од месецот?
Потоа човекот ги навел своите месечни трошоци: 1.100 евра за кирија за куќа од 240 квадратни метри со двор и гаража, 350 евра за струја, 100 евра за осигурување на автомобил, 450 евра за плаќање на автомобил, 200 евра за интернет и телефон, 500 евра за храна за деца во градинка и училиште, 1.500 евра за намирници, 100 евра за вода, 250 евра за цигари, 300 евра за дополнителни трошоци и комуналии), 360 евра месечна рата за кредит, 300 евра за гориво и 200 евра џепарлак за деца.
„Остануваат 700 евра. Тие пари исчезнуваат за кратко време… Практично, дојдовме во Германија да работиме само за да преживееме. Затоа наскоро ќе мора да ја напуштиме оваа земја и да одиме таму каде што работиме за да бидеме среќни. Не сте среќни тука, заработувате толку многу за џабе“, рече тој горчливо.