Skip to main content

Продолжен е рокот за поднесување пријави за манифестација „Град на културата во 2025 година“

Министерството за култура и туризам информира дека поради технички проблеми со системот за електронско аплицирање, а во согласност со Одлуката за продолжување на рокот за поднесување пријави за Конкурс за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“ објавен на 22.11.2024 година во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, рокот за поднесување на пријавите се продолжува до 25.12.2024 г. (среда), до 16:00 часот.