Skip to main content

Министерот за спорт Борко Ристовски на увид на фудбалското игралиште во склоп на стадионот на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски и заменичката на министерот, Сафије Садики Шаини, денеска извршија увид на фудбалското игралиште што се наоѓа во склоп на стадионот на ФК Башкими во Куманово, на кое во наредниот период ќе започне комплетна реконструкција.

Реконструкцијата на ова игралиште е дел од програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбедат современи услови за тренинг, натпревари и рекреација на сите спортисти и жители на Куманово.

Поврзани вести