
Сведоштвата на твоите врсници дека уште од дете си бил тужибаба, додека сте се траеле по прашливите и калливи улици, потоа и во училиште не се толку битни ако си извлекол поука дека тоа не е добро.
Но, ако продолжиш и понатака во животот на зрели години тогаш имаш ти, имаат другите од блиската околина, од колегите на работа, во партија (како си елиминирал конкуренти со шпекулации и невистини) до измами предавства, лаги, тужби кои нанесуваат несогледливи и тешко поправливи штети на сиот МАКЕДОНСКИ НАРОД, севкупното општество и татковината МАКЕДОНИЈА, е тогаш веќе е ПРОБЛЕМ, ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ.
Ти Зоране, го направи проблемот тужакајќи ги сите кои ѝ мислеа добро на МАКЕДОНИЈА. Ги тужеше овде меѓу народот, низ политичкото милје подобро од тебе, кај татковците на шарените, мрачни, погубни револуции. Кодошеше патриоти, обични родољуби, политичари, новинари, професори, академци.
Кај што не можеше, посегнуваше по нивната чест, со најдолни примитивно крајно недолични и приземни методи, со уцени и закани дека сé ќе обелодениш за нив и нивните семејства, притоа не размислувајќи и не водејќи сметка дека со тоа можеш да разориш цели семејства, групи или организации.
Но, докажа дека тебе не ти е свето ништо, па се нафрли на институциите македонски, тужакаше министри, премиер, претседател, уметници, академци, спортисти, тужакаше пред меѓународната заедница за собирање поени за себе и за твоите гнасни планови за разнебитување на МАКЕДОНИЈА.
И, тука не застана. На крај почна да го тужакаш сопствениот напатен народ и да го пцуеш бидејќи немало кого да навредиш или пцуеш, затоа што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД не постои, јазикот ни е вештачка творба, идентитет проблематичен наводно измислен без историја, културно наследство, а се сомневаше дека и територијата на која живееме не е наша, не е МАКЕДОНИЈА.
Сега одеднаш после долго молчење се повампири. Повторно со истите стари во тебе вградени ДНК навики на очаен плачко вечен ТУЖИБАБА.
Ќе го тужикикаш или тужиш Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, човек кој е на најдобар пат да ги поправи и доведе во ред сите неправди, непогоди и апокалипси што ти и своите гнасни предавнички политики му ги нанесе на МАКЕДОНЦИТЕ.
Повели, чекаме да го направиш најдолниот потег во својот сиромашен живот на празнина, беда и очај во последно време.
Повели, додека не те стигнало проклетството на грижата на совест. Ќе дојде и тоа, ти гарантирам, ама околу себе нема да имаш никого на кого да се исповедаш. Сам без никого, ти останува само ГОСПОД.
Да го направиш тоа, да ти бидат простени најголемите гревови, предавства, тужакања, газење и понижување на сопствениот народ.
А, сега да се вратиме во сегашноста, додека си сé уште, но за кратко, силен, моќен, бахат, прикриен АРАМБАША.
Топло ти препорачувам, ако сакаш да го добиеш спорот против, за тебе недостижниот, Христијан обнови го специјалното твое обвинителство, предметот дај ѝ го на Катица Јанева “врвен правник“ која сама правеше пред тоа пописи на инвентарот по македонските затвори, стави ја озлогласената Добрила Кацарска за судечки судија на Кривичниот совет и одбери си тројца поротници од Правниот факултет, тешки дефекти на професијата, гробари на МАКЕДОНИЈА.
Овде се оградувам и изразувам извонредна почит кон многу чесни, брилијантни луѓе и експерти од Правниот факултет.
Но, овие твои, од тебе избрани поротници, таму не припаѓаат и само го рушат дигнитетот на оваа призната научна институција.
Целава оваа приказна нека биде под будното око на Републичкиот јавен обвинител Коцевски.
Сета булимента непријателска на МАКЕДОНИЈА на едно купче. Сите заедно до еден ЗА НИКАДЕ.
На крај! Господине Заев, Ти си осуден без судење. Твоите злодела се толку видливи, болни, со длабоки рани и лузни што се гледаат на секој човек, граѓанин МАКЕДОНЕЦ, видливи се и на лицата, на телата, ама и во душите.
Осуден си на вечна робија од НАРОДОТ, обвинител е твојата жртва НАРОДОТ, повисока инстанција, апелациски и врховен суд се исто така твоите жртви од народот.
Само поротата во процесот против тебе има име и презиме: Тоа се УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ на МАКЕДОНИЈА на кои им ги уништи семејствата, детските радости и соништа на нивните чеда, сопругите ги направи самохрани мајки, разболе и испрати родители од јад кои жалејќи по судбината на своите деца заминаа без враќање, судбина што твојата клета рака им ја испиша.
Осуден си, иако слободно шеташ, осуден си на доживотна робија, нема жалби, нема амнестии, нема аболиција, веќе една доби, се расили “охрабрен“ и ова ни го НАПРАВИ.
Има кој ќе го исправи тоа ти што го направи.
Тужениот во намера, од тебе, Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој има цврст и нераскинлив договор со МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Тој договор се спроведува во дело на радост на граѓаните, а на жалост, голема на тебе и таквите како ти.
А, тужикањето против нашиот трибун, стави го на салфетка.
Ова е ВМРО-ДПМНЕ со Лидерот Христијан Мицкоски.