Skip to main content

Уште 12 повредени од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени авионски во Србија на лекување

Заради медицинска евакуација, за Македонија полета уште еден авион на вооружените сили на Србија со четворица лекари и четворица медицински техничари, јави МИА од Белград.

Планирано е со авионот да се пренесат 12 пациенти, соопшти српското Министерство за одбрана.

Покрај авионот, рано денеска во Македонија беше испратено и амбулантно возило со медицински тим од Воената болница во Ниш за да превезе пациенти кои ќе бидат хоспитализирани таму. Синоќа со авион на вооружените сили на Србија беа пренесени во Белград 12 пациенти на кои им беше укажана помош во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.

Шест лица од ВМА останаа во Македонија – двајца хирурзи, анестезиолог, анестезиолог и двајца медицински техничари – инструментари, наведе МО на Србија.

Поврзани вести