Skip to main content

Словенија легализираше евтаназија

Словенија денеска легализираше потпомогнато самоубиство, што беше поддржано од граѓаните на минатогодишниот референдум.

Законот им дава право на луцидни пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба се неподносливи, да си го завршат животот, освен во случај на ментални болести, пренесе Хина.

Ова право ќе може да се примени и во случаи кога од лекувањето не се очекува закрепнување или подобрување на здравствената состојба на пациентот.

Пред да се искористи ова право, мора да бидат исцрпени сите опции за медицинско лекување.

Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање кое е последица на ментална болест.

Евтаназијата, односно смрт од рака на негувател на барање на болниот, останува забранета.

На референдумот минатата година, 55 отсто од гласачите го поддржаа правото на потпомогнато самоубиство. Швајцарија и Австрија веќе го дозволија.

Поврзани вести