Skip to main content

Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

freepik

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик Бранко Аџигогов како и со заменик министерот за здравство Јовица Андовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашање е колку брзо можат административно да се постигнат тие процеси, затоа што треба да се координираат повеќе институции, но сепак по изборите до крајот на годината имаме целсно посветеност сите што неколку години работеле со договри на дело да добијат договори на неопределено време и со тоа да им се реши статусот, рече Клековски.

Како што информира Александар Бузалков директор на ЈЗУ Општа болница Велес, во велешката болница има седум работници со договор на дело. Се надева дека по изборите ќе добијат согласност за нивно вработување на неопределено време како што и било договорено со надлежните.

Поврзани вести