
Високиот холестерол влијае на милиони луѓе и е еден од најчестите здравствени проблеми денес. Иако лековите играат улога, исхраната богата со растителни влакна, храна на растителна основа и здрави масти често прави разлика.
Кога зафатениот живот го отежнува подготвувањето оброци, практично решение може да биде здрава конзервирана храна што нутриционистите ја препорачуваат за поддршка на здравјето на срцето.
Конзервирана риба
„Конзервираната риба како туна, лосос и сардини е одличен извор на омега-3 масни киселини“, вели нутриционистот и диететичар Киран Кембел за „EatingWell“.
Редовната консумација промовира поздрав липиден профил, ги намалува триглицеридите и може да го зголеми „HDL“, или „добриот“ холестерол. Кембел додава дека е корисно да се изберат сорти со коски бидејќи тие се природен извор на калциум.
Конзервиран грав
„Конзервираниот грав е моќен додаток во исхраната за намалување на холестеролот“, вели Кембел.
Тој содржат растворливи влакна, кои се врзуваат за холестеролот и помагаат да се отстрани од телото.
„Само една чаша грав дневно покажа намалување на вкупниот и ‘LDL’ холестеролот, а замената на месото со грав го намалува внесот на заситени масти, клучен чекор во заштитата на вашето срце“, објаснува таа.
Конзервирани круши
Крушите во конзерва се богати со пектин, растворливо влакно кое може да помогне во намалувањето на „LDL“ холестеролот и содржат четири грама влакна на 225 грама. Експертите советуваат да се избере овошје конзервирано во вода или во сопствен сок, наместо сируп, за да се избегне вишок шеќер.
Кембел препорачува да се изберат производи без додадена сол и спакувани во вода.
„Цедењето и плакнењето на конзервираниот грав под млаз вода може да го намали внесот на натриум до 40 проценти“, нагласува таа.
Со избирање на вистинската конзервирана храна, лесно можете да го поддржите здравјето на срцето и да го намалите холестеролот.