Skip to main content

Над 20 лица од заразениот брод шетаат низ светот: Болеста се пренесува од човек на човек

Крузерот МВ „Хондиус“ се наоѓа на пат кон Тенерифе, каде што треба да стигне во недела. Патниците од бродот, на кој е забележан хантавирусот со осум заразени лица, ќе го пречека тим на здравствени техничари.

Во меѓувреме, уште 23 лица кои биле на бродот веќе шетаат низ светот, односно се вратиле во своите земји без никаков карантин.

Според најновите информации, еден од патниците е хоспитализиран во Швајцарија со симптоми на хантавирусот.

СЗО и здравствените власти нагласуваат дека ризикот за населението е низок, но вирусот се пренесува од човек на човек.

За разлика од коронавирусот, кој предизвика пандемија, овој патоген не се пренесува преку воздух, туку телесни течности, па заразата е многу потешка. Меѓутоа, ако се зарази некое лице, болеста е опасна и смртноста е дури 50 отсто.

Поврзани вести