Skip to main content

Клековски: Лекот „топирамат“ за лекување епилепсија е недостапен бидејќи „Белупо“ го прекина производството

Лекот Топирамат за лекување епилепсија, мигрена и главоболки е недостапен поради тоа што компанијата Белупо од Хрватска прекина со негово производство, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Белупо, кој е единствениот, кој го има регистрирано лекот во Македонија, вети дека за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар, рече Клековски.