Skip to main content

Во Велес поделени 2000 табли со јајца на лица во социјален ризик

Фото: Хуманитарна акција Велигден

 По повод претстојниот христијански празник Велигден денеска во Младинскиот парк во Велес беа поделени 2000 табли со јајца, а беше организирана и забава за најмладите. 

Донацијата е од двајца велешани кои живеат и работат во САД, сопственици на компанија за камионски превоз на стока.

Таблите со јајца и кесичка со боја за фарбање беа наменети за лица во социјален ризик.

Хуматирантата акција се организира вторпат, а се одржа со благослов на Митрополитот Повардарски Агатангел.

Поврзани вести