
Национален археолошки музеј воведува нов дизајн на влезниците за посетителите, со кој билетот станува дел од визуелното искуство при посетата на музејот.
На новите влезници се претставени детали од предмети што се дел од музејската колекција, со што билетите добиваат и своја визуелна приказна поврзана со археолошкото наследство што музејот го чува и презентира.
Новите билети се достапни во три вредности – 100, 400 и 700 денари, зависно од видот на билетот.
Дизајнот го потпишува Адријан Зарески, стручен соработник за аудиовизуелни уметности и дизајн во Националниот археолошки музеј.
Од музејот ги повикуваат посетителите да го зачуваат билетот како мал сувенир од посетата и дел од нивното музејско доживување.

Македонски


