
Продажбата на „Сајбертрак“ (Cybertruck) на „Тесла“ е помала од очекуваното. Тоа, според познавачите – заслужува внимание, бидејќи сепак, е релативно нов производ, најавен како пикап-камион којшто ќе ги надмине сите други – без оглед дали се електрични или не.
На почетокот, во 2023 година – кусо пред официјалното лансирање на „Сајбертрак“, Илон Маск се пофали дека „Тесла“ веќе има над милион резервации и дека побарувачката за ова нетипично пикап-возило била неверојатна. А, резервацијата можеше да се направи со повратен депозит од 100 долари (подоцна се зголеми на 250 долари). Но, никој – дури ни самиот Маск не очекува дека сите тие резервации всушност ќе се преточат во нарачки.
Според податоци од компанијата, оттаму испорачале 46.096 „Сајбертрак“ возила, од 13 ноември 2023. до 27 февруари 2025 година. Тоа се 5 отсто од резервациате и се совпаѓа со проценките на стручњаците, што пак, според познавачите – тешко дека ќе му се допадне на Маск и неговите соработници, обожаватели итн.
Како и да е, се чини, „Моделот ипсилон“, засега е најважниот автомобил во продажба на „Тесла“ – што сѐ уште важи за исклучително успешен, иако продажбата лани опадна. Тоа, се вели, било очекувано, бидејќи наскоро доаѓаше ажурирана верзија на „Џунипер“