
Во Скопје денеска се одржа настан по повод 5 декември, Светскиот ден на турското кафе, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на локалните медиуми и гости присуствуваа на настанот што се одржа во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Скопјe.
Амбасадорот Фатих Улусој им даде информации на гостите за турското кафе и им се заблагодари за присуството.
Гостите имаа можност да дегустираат турско кафе, како и храна и пијалаци специфични за турската кујна.
Секоја година во Турција и во многу други земји низ светот се одржуваат настани за турското кафе, кое беше вклучено во Листата на нематеријално културно наследство од УНЕСКО во 2013 година.

Македонски







