
Метео прогнозерот Славчо Поповски, најавува дека поради влијание на плиток циклонски систем, со центар на Туренското Море, времето во Македонија до петок, 20 јуни, ќе биде прилично нестабиилно. Тоа ќе предизвика зголемена облачност, а во попладневните часови ќе има можност за локален пороен дожд со грмежи и со засилен ветар во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде покрупен. И во делови од Скопскиот регион до петок (20 јуни) во попладневните часови ќе има услови за развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и можност за појава на невреме“, пишува Поповски.
Како што додава тој, температурите до петок (20 јуни) ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, а во Скопје температурта ќе се искачува до околу 34/35 степени Целзиусови.
За време на викендот, пак, времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика пад на температурите за 3 до 4 степени во споредба со сегашните. За време на викендот температуите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени Целзиусови. Наутро повторно ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени Целзиусови.