
Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Његошева“, „Бриселска“, „Софиска“, „Стокхолмска“, „Петар Драганов“, „Гаврил Лесновски“ и „Копенхагенска“ во Општина Карпош.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф-100 милиметри на улица „Петар Драганов“ бр. 1б.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.