
Принцот Ендрју, братот на кралот Чарлс, се согласил да се откаже од сите свои титули, вклучително и онаа на војвода од Јорк.
Иако ќе остане принц, како син на Елизабета II, тој ќе се откаже и од членството во Редот на подвезицата – највисокиот витешки ред во британскиот систем на почести. Неговата поранешна сопруга, Сара, војвотката од Јорк, исто така ќе се откаже од својата титула и ќе се врати на своето моминско презиме, Сара Фергусон.
Се смета дека кралот е задоволен од исходот откако личните тешкотии на неговиот брат се заканиле да го нарушат угледот на кралското семејство.
Во соопштението објавено од Бакингемската палата, принцот рече:
Во разговор со кралот и моето непосредно и пошироко семејство, заклучивме дека континуираните обвинувања против мене го одвлекуваат вниманието од работата на Неговото Височество и кралското семејство. Решив, како што секогаш сум правел, да ја ставам мојата должност кон моето семејство и земјата на прво место. Останувам зад мојата одлука од пред пет години да се повлечам од јавниот живот. Со согласност на Неговото Височество, сметаме дека сега морам да одам чекор понатаму. Затоа, повеќе нема да ја користам мојата титула или почестите што ми се доделени. Како што веќе реков, силно ги негирам обвинувањата против мене – рекол Ендру, пренесува британскиот „Hello“.
Ендрју повеќе нема да присуствува на божиќните прослави со кралското семејство, но неговите ќерки принцезата Беатрис и принцезата Евгенија нема да бидат засегнати од овој развој на настаните.
Овој потег доаѓа во време на низа скандали околу врските на принцот Ендру со осудениот педофил Џефри Епштајн и наводниот кинески шпион. Додека приказните продолжуваа да фрлаат сенка врз работата на кралското семејство, кралот наводно „ги разгледал сите опции“ да ги одземе титулите на својот помлад брат пред Ендрју да се согласи доброволно да се откаже од нив.