
Патеписците на списанието „Тајм аут“ го прогласија Охридското Езеро за најубаво место во Европа, опишувајќи го како многу поприфатлива и помирна алтернатива на популарното италијанско езеро Комо.
Додека езерото Комо во италијанскиот регион Ломбардија е познато по познати личности, луксузни вили и големи толпи, Охридското Езеро им нуди на посетителите поинакво искуство.
Како што пишува „Тајм аут“, Европа крие голем број импресивни, но помалку посетени езерски дестинации, а Охридското Езеро беше на врвот на нивниот избор.
Тоа е едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, сместено на границата меѓу Албанија и Македонија. Кристално чистата сина вода, планинските врвови во позадина и брегот прошаран со историски градови создаваат сцена која, според патописците, не заостанува зад познатото италијанско езеро.
Градот Охрид привлекува посетители со својата историја и природа
Главниот туристички центар на македонската страна од езерото е градот Охрид, сместен на самиот брег.
Стариот дел од градот е познат по своите тесни калдрмисани улички и големиот број средновековни цркви. Според легендата, некогаш имало дури 365 од нив, по една за секој ден од годината.
Препознатливиот изглед на градот го надополнуваат теракотните покриви што се спуштаат кон езерото. Во текот на денот, посетителите можат да уживаат во пливање и посета на античките локалитети, додека вечерите се идеални за гледање на зајдисонцето зад околните планини.
Сето ова, наведува „Тајм аут“, може да се доживее по значително попристапни цени во споредба со одмор на езерото Комо.
Еве ги 10-те најубави места во Европа, според туристичките писатели на „Тајм аут“
Охридско Езеро, Македонија
Топли извори Сатурнија, Тоскана, Италија
Џајантс Козвеј, Cеверна Ирска
Алберобело, Апулија, Италија
Почитељ, Босна и Херцеговина
Норвешки фјордови, Норвешка
Кју Гарденс, Лондон, Велика Британија
Канал Принсенграхт, Амстердам, Холандија
Долина Мозел, Германија
Каса Батљо, Барселона, Шпанија

Македонски


