
Можеби еден од најзагрозените морски цицачи во светот – средоземниот морски лав повторно е забележан во Албанија. Тоа, според стручњаците, дава надеж за опстанок на овој вид.
Албанското здружение Заштита и зачувување на природната средина (ЗЗПС) го сними и објави појавувањето на овој редок и загрозен цицач. Според ЗЗПС, на видеото се гледа фока-младенче во пештера на полуостровот Карабурун, но ги предупреди минувачите да не се приближуваат до пештерите за да се намалат негативните влијанија од луѓето во таа област.
„Оваа снимка покажува оти областа би можела да биде соодветно живеалиште за размножување на овој критично загрозен вид, што дава надеж за негово размножување и зачувување. Меѓутоа, со оваа охрабрувачка вест доаѓа загрижувачка реалност: Присуството на луѓе близу пештерата каде што се најдени средоземните морски лавови предизвикуваа прилично големи вознемирувања. Честите нарушувања од ваков вид може да доведат до тоа мајката да го напушти своето младенче – трагичен исход што мораме да го избегнеме по секоја цена“, објави ЗЗПС.
ЗЗПС повикуваат минувачите да не се приближуваат до тие области коишто служат како засолништа за дивите животни, да ја држат растојание и да бидат тивки во природните живеалишта на животните. Секое нарушување во живеалиштето може да се пријави до надлежните служби или здружението.
„Ова е миг за славење, но и за да размислиме за одговорноста што сите ја делиме во заштитата на нашето природно наследство“, стои во заклучокот на ЗЗПС