Skip to main content

Општина Могила доделува 10.000 денари за првороденче, 15.000 за второ и 30.000 за трето дете, а за новосклучен брак 20.000

Пиксабеј

Градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски информираше дека оваа година Буџетот на Општината предвидува финансиска помош за новороденчиња и новосклучени бракови во висина од 10.000 до 30.000 денари.

Општината ќе одвои 10.000 денари за секое првородено дете, 15.000 денари за второродено и 30.000 денари за трето дете. Исто така, за секој новосклучен брак, сопружниците ќе добијат надоместок од 20.000 денари.

Ова не е само финансиска помош, ова е јасна и силна порака дека семејството, децата и младите се наш приоритет. Сите воведени мерки се со цел стимулирање и зачувување на наталитетот, како и создавање услови младите да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина во општина Могила“, соопшти Саботковски.