Skip to main content

Македонски танчари станаа светски шампиони – Љубљана обоена во црвено-жолто

Фото: Принтскрин

Македонијо имаш на што да се радуваш и со што да се гордееш! Македонската химна се пееше на цел глас. Емотивно е мал збор, испишавме историја“ – напишаа од танцовото студио Eureka.

Македонските танчари од студиото Eureka Dance Company станаа светски шампиони во танц, на првенството што се одржа во Љубљана, Словенија.

На второто место исто така беше танцова група од Македонија, па кога застанаа на подиумот, двете екипи го обоија во црвено-жолта боја, и ја пееја на глас нашата хумна.

Шампионите играа на песната You Against You, додека второпласираните имаа кореографија на песната „Учи ме мајко карај ме“.

„На сцена бевме 58 танчери и кореографијата траеше 8 минути. На Светското првенство учествуваат околу 4.300 учесници од 33 земји и 5 континенти“, рекоа од Eureka за CRBOBELO.com.

Видео од славењето на победничките екипи и моментот на пеењето на химната, е објавено на Инстаграм профилот на танцовото студио.

„Македонијо имаш на што да се радуваш и со што да се гордееш! Македонската химна се пееше на цел глас, а Љубљана ја обоивме црвено-жолта.

Емотивно е мал збор, испишавме историја. Тацот и љубовта секогаш победуваат! Верувајте во себе и вашите соништа.

Ања Јолакоска ни подари парче вистинска бајка“ – пишува во објавата.

Извор: CRBOBELO.com

Поврзани вести