Skip to main content

Подгответе тирамису за совршена вечер

Ако сакате нешто слатко, кремасто и подготвено за неколку минути, овој брз тирамису во чаша е совршен избор. Без печење, без компликации – само неколку состојки и малку време за вистинско уживање.

Состојки:
150 мл црно кафе
1 лажица шеќер
200 грама пишкоти

Крем:
150 грама маскарпоне сирење
100 мл слатка павлака за матење (ладна)
40 грама  шеќер во прав
1 ванилин шеќер или неколку капки ванила екстракт
1–2 лажици рум или ликер Амарето


За декорација:

какао во прав
зрна кафе


Подготовка:
Во свареното кафе додајте шеќер, па оставете да се излади.
Во длабок сад, изматете ја ладната слатка павлака со миксер додека не стане цврста. Во друг сад измешајте го маскарпонето со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер додека не добиете мазна крема. Постепено додавајте ја изматената павлака во маскарпонето, мешајќи внимателно со шпатула или на најниска брзина на миксерот. Ако сакате побогат вкус, додадете малку рум или ликер Амарето и нежно промешајте. Чувајте го кремот во фрижидер најмалку 30 минути пред да го користите.


Пишкотите искршете ги на помали парчиња за да можат да се наредат на дното од чашата во која ќе го сервирате десертот. Кратко натопете ги во подготвеното кафе. Наредете дел од натопените пишкоти на дното од чашата, потоа со слаткарска кеса или лажица нанесете крем. Постапката повторувајте додека не ја наполните чашата. 
Послужете го со какао во прав и неколку зрна кафе одозгора. Какаото нанесете го непосредно пред сервирање за да остане суво и убаво на изглед