
Оброк-салата која е совршена за новогодишната трпеза, а се приготвува за 30 минути
Состојки:
7 парчиња потпечен леб
3 чешниња лук
сол, бибер, црвен пипер
500 г пилешко филе
250 г пченка
врзоп свеж магдонос
6 кисели краставички
2 тврдо варени јајца
пола главица виолетов кромид
150 г мајонез
На 30 до 40 мл масло, испржете или испечете коцки леб. Додајте неколку чешниња лук. На крај, додајте зачини: сол, бибер, црвен пипер.
Во чинија ставајте по ред: 500 г пилешко филе обарено во солена вода и оладено; 250 г пченка; ситно сечкан магдонос; 5-6 сечкани кисели краставички; 2 тврдо варени јајце; 1/2 главица виолетов кромид.
Додајте сол и бибер по вкус. Потоа, додајте 150 г мајонез. Соединете го сето тоа и послужете на чинија.
Извор: Убавина и здравје

Македонски






