Skip to main content

Чоколадни топчиња со кикирики

Потребно е:

113 гр крем сирење
125 гр путер од кикирики
120 гр шеќер во прав
100 гр чоколадо
мелени кикирики

Подготовка:

Прво ја подготвувате смесата. Во сад измешајте крем сирење, путер од кикирики и шеќер во прав.

Изматете ја смесата додека не стане кремаста. Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер половина час.

Потоа извадете ја смесата од фрижидер и со лажица одвојте ги парчињата од смесата. Со раце обликувајте топчиња.

Се валкаат во мелени кикирики и се топи чоколадото со една лажица масло на тивок оган.

Со глазурата прелијте ги топчињата и декорирајте со шарени трошки по желба.

Поврзани вести