
Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје, и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого, и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост, солидарност и човечност.
Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број граѓани, а особено млади луѓе кои во ликот и делото на Тоше Проески препознаваат силен пример за хуманост.
Годинава, акцијата ќе се одржи на 25 јануари 2026 година (недела), во холот на Домот на АРМ, во периодот од 09:00 до 17:00 часот.
Во организација на истата се вклучува Општинскта организација на Црвен крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина.
Досега, преку овие крводарителски акции се собрани над 6.000 единици крв, при што особено охрабрувачки е големиот број млади и првократни крводарители кои активно се вклучуваат, инспирирани од пораките што Тоше ги пренесуваше.

Македонски




