Skip to main content

Земјата денеска на најблиската точка до Сонцето во текот на годината

Земјата денеска во 14:28 часот ќе ја достигне најблиската точка до Сонцето, позната како перихел. Во тој момент, нашата планета ќе биде оддалечена 147 милиони километри од Сонцето.

Перихел е моментот кога Земјата е најблиску до Сонцето во нејзината орбита, а тоа обично се случува на почетокот на јануари.

Спротивноста на перихелот е афел, кога Земјата е најдалеку од Сонцето, што оваа година ќе се случи на 3 јули.