Почнува подготовката за најголемата магија на мразот – од денеска во арената „Борис Трајковски“ официјално се замрзнува ледената подлога, создавајќи идеална сцена за незаборавниот спектакл во сабота.
Токму тука, во затворен, удобно загреан простор од овој момент, мајсторите на ледените кристали ќе посветат часови на внимателно ладење и обликување на повеќе од 300 квадратни метри вистински мраз – создавајќи блескав, мазен и стабилен леден партер кој во сабота ќе се претвори во сцена за најголемиот леден спектакл некогаш виден во нашиот регион, најавува организаторот.
Во текот на целиот ден, љубителите на ова уникатно шоу ќе можат да се фотографираат со своите омилени херои, да разговараат со нив, да дознаат повеќе за светот од кој доаѓаат и да создадат спомени кои ќе траат засекогаш. Ова не е само гледање оддалеку – ова е можност навистина да зачекорите во светот на фантазијата и да станете дел од приказната.
А кога ќе дојде времето за големиот настап, ледената подлога ќе се исполни со магија – хероите ќе пловат по мразот, светските првенци во лизгање ќе ги претворат омилените ликови во живи ремек-дела на уметноста и целата публика ќе може да ужива во единствена претстава која ги спојува авантурите, фантазијата, детските спомени и празничната атмосфера во едно.
Замислете го целосно замрзнатиот партер, светлата што треперат низ магичната атмосфера и вашите омилени херои кои со стил и грациозни движења лизгаат на мразот. Со вас ќе бидат Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдрмен, Мики Маус, како и Круела. А за да биде сè како во бајка, специјален гостин ќе биде никој друг туку Дедо Мраз, подготвен да донесе празнична магија за сите нас.
Првата претстава е распродадена, а билетите за втората претстава исто така брзо се продаваат, вели организаторот. 14 декември, 12:00 и 17:00часот – резервирајте го вашето место во историјата на зимските спектакли“.