Skip to main content

Почина Милена, жената која беше инспирација за хитот што сите го знаеме

Почина Милена, жената која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“, сподели на Фејсбук, Мира Митрова.

Со големо жалење ја споделуваме веста дека почина Милена, жената чија деликатност и животна приказна станаа вечен дел од југословенската музичка историја.

За пошироката јавност таа беше инспирацијата за безвременскиот хит на „Нови фосили“, но за нашето семејство, таа беше мојата тетка, родена сестра на мојот татко.

Речиси и да нема човек од повозрасните генерации кој не ги знае стиховите на оваа песна, но помалку е познато дека таа е посветена токму на Милена од Неготино, пишува Митрова во својот пост.

Поврзани вести