Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово погоди област во Тихиот Океан кај Камчатка, соопшти локалната сеизмолошка служба на Камчатка.
Епицентарот на земјотресот бил во Крочнотскиот залив, 164 километри источно од селото Миљково во општинскиот округ Миљково, на длабочина од 123 километри“, се вели во соопштението на сеизмолошката служба.
Нема извештаи за материјална штета, ниту повредени, а не е издадено ниту предупредување за цунами.