Skip to main content

За нив нема сигурни против мерки: Украинците почнаа да употребуваат дронови со оптичко наведување

Украинските сили на фронтот почнале да употребуваат дронови со оптичко наведување. Претходно, украинските канали на социјалните мрежи објавија снимка од тестирањето на овие дронови во позадината.

За разлика од руските беспилотни летала со оптички влакна како што е КВН, украинските оператори користат голем хексакоптер (Баба Јага). Тоа ја зголемува видливоста и цената на производот, но му овозможува да носи значително поголема боева глава и да патува поголемо растојание.

Исто така, судејќи според објавените информации, во Украина веќе има неколку производители на оптички водени беспилотни летала, а украинските оператори веќе имаат активен интерес за купување на овие дронови.

Дроновите со оптичко наведување на фронтот досега покажуваат значителни реултати на фронтот, со оглед на тоа што се отпорни на системите за електронско војување, поради што во моментов нема сигурна заштита од нив.

Поврзани вести