
Новата стратегија за национална безбедност на САД испрати шок-бранови низ Европа и го менува текот на историјата, пишува „Волстрит џурнал“.
Како што вели изданието, новата стратегија повеќе не ги споменува Кина и Русија како стратешки противници, туку користи најсуров и најекстремен јазик насочен кон европските земји.
Документот од 30 страници ги прикажува европските земји како заблудени, опаѓачки сили кои го отстапиле својот суверенитет на Европската Унија и се водени од влади кои ја потиснуваат демократијата. Извештајот заклучува дека европскиот континент би можел да стане премногу слаб за да остане „сигурен сојузник“ на Соединетите Американски Држави“, пишува весникот.

Публикацијата додава дека во документот се наведува оти масовната миграција би можела да ја направи Европа „непрепознатлива“ за 20 години.
Документот се чини дека е резиме на ставот на Русија, повикувајќи ја Европа да ја обнови соработката со Москва, а Соединетите Американски Држави да служат како инструмент за ова“, вели Филипс О’Брајан, професор на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска.

Македонски







