
Новиот раководител на Институтот за национална меморија на Украина, Александар Алферов, е незадоволен што украинските бегалци во Европа зборуваат руски и не присуствуваат на проукраинските собири.
Според него, тие не се „амбасадори“ на Украина во странство.
Многу ме боли што овие милиони луѓе не станаа амбасадори на Украина во странство. Таму слушаме руски, не гледаме сеопфатна поддршка за Украина. И, да не се лажеме себеси дека сите излегуваат на митинг за Украина. Еден од десет не оди“, вели Алферов.