Skip to main content

Во Романија драстично порасна поддршката за Калин Георгеску откако беа поништени претседателските ибори на кои тој водеше

По поништувањето на првиот круг на претседателските избори во Романија, во кој убедливо водство имаше опоицискиот кандидат Калин Георгеску, уште повеќе се менува политичката слика во земјата.

Според најновите истражувања на јавното мислење во Романија, Георгеску би победил уште во првиот круг од изборите доколку тие се одржат денеска.

Според резултатите од анкетите, Кеалин Георгеску ужива 50% од поддршката на романските граѓани. Тоа значи дека неговата популарност е зголемена по одлука на романскиот Уставен суд за поништување на претходните избори.

На претходните, поништени избори, Георгеску победи со најмногу гласови и влезе во вториот круг од изборите, но судејќи според расположението на гласачите, доколку изборите се одржат сега, нема да има воопшто потреба од одржување втор круг, бидејќи Георгеску веќе во првиот круг би ги добил потребните 50 отсто плус еден глас.

Поврзани вести