Skip to main content

Во Појасот Газа убиени се над 55 илјади луѓе

Фрипик

Во почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа загинаа 55.104 луѓе, а повеќе од половина се жени и деца, додека повредени се 127.394 лица, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израел тврди дека цел на нападите се само милитантните од Хамас.

При израелските напади уништена е огромна површина од Појасот Газа, а околу 90 проценти од населението е раселено.

Израел повеќе од два месеца ја блокира хуманитарната помош за Палестинците, тврдејќи оти Хамас ја пренасочува помошта. Обединети нации и другите хуманитарни организации негираат пренасочување на помошта кон милитантните.

Војната во Појасот Газа почна на 7 октомври 2023 година, откако Хамас го нападна Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе и киднапира 251 човек. Повеќе од половината заробеници се ослободени во рамките на примирјата или други договори.

Поврзани вести