Skip to main content

Турција развива свој повеќестепен, одбранбен, ракетен систем „Челична купола“ по примерот на Израел

spacex-on-unsplash

По примерот на израелскиот ракетен одбранбен систем „Железна купола“, Турција најави создавање на свој аналог уште во 2023 година, а официјална Анкара дури реши да не отстапува премногу од оригиналот со името, поради што проектот беше наречен „Челична купола“.

Проектот е навистина амбициозен и го развиваат повеќе државни и приватни институции и одбранбени компании. Единствената компанија која сè уште не е вклучена е предводникот на турската одбранбена индустрија, Бајкар. Во меѓувреме, Аселсан, кој игра клучна улога во проектот „Челична купола“, со гордост извести дека привлекла повеќе од 600 милиони американски долари владини инвестиции, што не само што ќе ја забрза реализацијата на проектот, туку и ќе отвори повеќе од две илјади нови работни места.

Самиот „турски чадор“ ќе изгледа како повеќестепен систем од неколку видови системи за противвоздушна одбрана интегрирани во единствен систем за предупредување и известување за потенцијалните цели, кој ќе вклучува и елементи на вештачка интелигенција.

Различни видови ракети ќе се користат за гаѓање цели кои летаат на надморска височина до сто километри. Дополнително, планирано е да се користи противвоздушна артилерија од мал калибар на самоодни или стационарни инсталации за борба против нисколетечки цели.

Поврзани вести