Skip to main content

Трамп со нова наредба – возачите на камиони мора да знаат англиски

The White House

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, издаде извршна наредба со која се бара од возачите на камиони во САД да зборуваат англиски јазик за да се обезбеди безбедноста на американските семејства на автопатите.

Наредбата што Трамп ја потпиша во понеделник бара од американскиот министер за транспорт Шон Дафи „да ги поништи упатствата што го олабавија законскиот услов за познавање на англискиот јазик за возачите на комерцијални возила“, објави Ројтерс.

Министерката Дафи е задолжена да обезбеди спроведување на новите упатства што бараат од возачите да положат тестови по англиски јазик.

Поврзани вести