Skip to main content

Трамп: Нема да дозволиме да се дојде до трета светска војна

– Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата средба со францускиот лидер Емануел Макрон е важен чекор напред во насока на постигнување примирје меѓу Русија и Украина.

Трамп додаде дека верува оти Макрон се согласува со него за многу од најважните прашања, вклучувајќи ја и изјавата дека ова е многу интересна и застрашувачка ситуација која може да се претвори во трета светска војна, јави Гардијан.

-Нема да дозволиме тоа да се случи. Војната никогаш не требаше да започне, но почна и сега е страшен, ужасен крвав хаос, рече американскиот претседател.

Поврзани вести