Skip to main content

Трамп: Ќе му го одземеме статусот на Харвард за даночно ослободување

Facebook/Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека планира да му го укине на Универзитетот Харвард ослободувањето од данок.

„Ќе му го одземеме статусот на Харвард за даночно ослободување. Тоа го заслужуваат!“, наведе Трамп во објава на Truth Social, без да прецизира кога ќе преземе такви дејствија.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп го замрзна федералното финансирање за големите американски универзитети и започна истраги за учесниците во пропалестинските протести минатата година на универзитетите, велејќи дека високото образование е зафатено од антисемитизам, „антиамериканска, марксистичка и радикална левичарска идеологија“, јавуваат британските медиуми.

Харвард ја тужеше администрацијата поради суспензијата на две милијарди дотации за финансирањето на американските истражувања и се приклучи на протестот на повеќе од 200 универзитети и колеџи поради политиките на Трамп за високото образование.

Поврзани вести