
Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Велика Британија да не соработува со Кина, откако британскиот премиер Кир Стармер и кинескиот лидер Си Џинпинг го поздравија обновувањето на односите меѓу двете земји.
За време на премиерата на филмот „Меланија“ во „Кенеди центарот“, Трамп, кога новинарите го прашаа да ја коментира најавата на Велика Британија за поголема деловна соработка со Кина, рече дека е многу опасно да се прави тоа и истакна дека е уште поопасно Канада да склучува бизнис со Кина, објави Гардијан.
За време на тричасовниот состанок со Си во Пекинг во четврток, Стармер повика на пониски тарифи и инвестициски договори меѓу Кина и Велика Британија.

Македонски



