Skip to main content

Трамп: Иднината е наша, американскиот народ го кажа своето

Новиот американски претседател, Доналд Трамп, на крајот од својот инаугуративен говор порача дека „американскиот народ го кажал своето“.

Стојам пред вас како доказ дека никогаш не треба да верувате дека нешто е невозможно да се направи. Во Америка, тоа што го правиме најдобро е да го правиме невозможното, порача Трамп.

Тој заклучи дека Америка нема да биде освоена или заплашена.

Нема да пропаднеме. Од овој ден, Соединетите Американски Држави ќе бидат слободна, суверена и независна нација. Иднината е наша, а нашето златно доба само што почна“, истакна Трамп на крајот од својот говор.

Поврзани вести