
Началникот на Генералштабот на иранската војска, Амир Хатами, денеска ги предупреди САД и Израел против каков било напад, велејќи дека силите на неговата земја се во состојба на највисока подготвеност по големото воено распоредување на Вашингтон во Заливот.
Ако непријателот направи грешка, без сомнение ќе ја загрози сопствената безбедност, безбедноста на регионот и безбедноста на ционистичкиот режим, рече Хатами, пренесува ИРНА, истакнувајќи дека иранските вооружени сили се „на максимално ниво на одбранбена и воена готовност“.
Исто така, тој рече дека иранската нуклеарна програма не може да биде уништена, дури ни со сила.
Нуклеарното умеење и технологијата на Исламската Република Иран не можат да бидат елиминирани, дури и ако научниците и синовите на оваа нација станат маченици, заклучи Хатами.

Македонски



