Skip to main content

Taлибанците со критики до Иран и Пакистан бидејќи протеруваат Авганистанци

Талибанците денеска ги критикуваа соседните земји Иран и Пакистан поради масовното протерување на Авганистанци, додека земјите тврдат дека ги протеруваат странците кои живеат во нив илегално.

Абдул Рахман Рашид, заменик министер за бегалци и репатријација во владата на Талибанците, ги осуди овие две земји за масовните протерувања и го опиша отстранувањето на Авганистанците како „сериозно кршење на меѓународните норми, хуманитарните принципи и исламските вредности“.

Иран и Пакистан поставија рокови и се заканија со апсење или депортација. Тие негираат дека ги таргетирале Авганистанците, кои сочинуваат значителен број странски државјани во двете земји.

Речиси 1,8 милиони Авганистанци биле присилно вратени од Иран само во последните три месеци. Дополнителни 184.459 биле вратени од Пакистан, а над 5.000 биле депортирани од Турција од почетокот на годината. Покрај тоа, речиси 10.000 авганистански затвореници биле репатрирани, главно од Пакистан.

Министерството за бегалци и репатријација соопшти дека околу шест милиони авганистански бегалци се наоѓаат во странство. Хуманитарните агенции предупредија дека обемот и темпото на враќање на Авганистанците ги оптоваруваат веќе кревките системи за поддршка.

Природните катастрофи го зголемија бројот на бегалци во Авганистан. Директорот во министерството за политика и планирање, Махмуд ал Хак Ахади, рече дека околу 13.500 семејства се внатрешно раселени поради суши, поплави и бури.

„Кога тоа ќе се комбинира со претходните раселувања, вкупниот број на внатрешно раселени семејства во Авганистан сега достигна речиси 2,5 милиони“, рече Ахади.

Министерството планирало да испрати делегации на состаноци со земјите домаќини, фокусирајќи се на правна поддршка и решавање на предизвиците со кои се соочуваат авганистанските баратели на азил. „Нашата цел е да најдеме одржливи решенија преку дијалог и соработка“, рече Ахади

Поврзани вести