
- уѓето имаат право на мирен протест. Тоа е основата на вредностите на нашата земја, напиша на Х британскиот премиер Кир Стармер во врска со вчерашниот протест во Лондон.
- – Но, нема да толерираме напади врз полицајци кои ја вршат својата работа или луѓе кои се чувствуваат заплашено на нашите улици поради нивното потекло или бојата на нивната кожа, додаде тој.
- – Британија е нација гордо изградена врз толеранција, различност и почит. Нашето знаме ја претставува нашата разнолика земја и никогаш нема да го предадеме на оние кои го користат како симбол на насилство, страв и поделба, нагласи британскиот премиер.
- Над 100.000 демонстранти учествуваа на вчерашниот протест во Лондон, организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, соопшти лондонската полиција.
- Протестот, одржан под слоганот „Да го обединиме Кралството“, беше проследен и со контрапротест на движењето „Исправи се против расизмот“, со околу 5.000 учесници.
- Над 1.000 припадници на полицијата беа распоредени низ улиците на британскиот главен град, воспоставувајќи тампон-зона меѓу двете групи за да се спречат судири. Британските медиуми јавуваат дека неколку полицајци биле нападнати од поддржувачите на Робинсон.
- Според поддржувачите на Робинсон, чие вистинско име е Стивен Јаксли-Ленон, на протестот учествувале над три милиони луѓе, што е значително повисока бројка од официјалните податоци.
- Робинсон, познат по своите националистички и антимигрантски ставови, го опиша протестот како борба за слободата на говорот и заштита на британското наследство. Демонстрантите носеа знамиња на Англија и Велика Британија, скандирајќи „Си ја сакаме земјата назад“ и држејќи транспаренти со пораки како „Запрете ги бродовите“ и „Спасете ги нашите деца“.
- Контрапротестите упатија порака против крајната десница со транспаренти „Добредојдовте, бегалци“