Skip to main content

Сопругата дојде облечена во венчаницата: Светот се прости од Диого Жота и неговиот брат

Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва го потресе целиот свет, особено спортските фанови.
Денес се одржа погребот на двајцата трагично настрадани браќа. Појавувањето на сопругата на Диого Жота, Рут Кардосо, на гробиштата ги потресе сите присутни.

Сопругата се појавила облечена цела во бело. Исто како на 22 јуни оваа година, кога пред само две недели двајцата се венчаа.

Instagram / rutecfcardoso14

Мајката на три мали деца била целосно неутешна на погребот на својот сопруг.

Таа одела веднаш до ковчегот со телото на својот сопруг. Според изразот на нејзиното лице, се чинело како да ќе се сруши од тага и болка во секој момент. Тука биле и родителите на фудбалерите, Изабел и Жоаким, како и нивниот дедо.

На погребот присуствувале многу членови на семејството, пријатели и колеги. Таму биле собрани и многу навивачи, кои внимателно следеле сè од другата страна на оградата. Соиграчите на Жота од Ливерпул, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон, носеле венци.

Венците биле со броевите 20 и 30. Тоа се броевите кои Жота и неговиот брат Силва ги носеле во своите клубови. Да ве потсетиме дека во сообраќајната несреќа што се случи во Шпанија на 3 јули, нивното Ламборџини се запалило откако им пукнала гума. Двајцата млади мажи починале на самото место.

Поврзани вести