Skip to main content
Кризата ја погодува една најголемите светски извознички на жито

Сеидбата на пченица во Австралија падна на 7-годишно најниско ниво поради кризата со ѓубрива и гориво во светот

ilona-maksimova-from-pixabay

Сеидбата на пченица во Австралија падна на 7-годишно најниско ниво, објави „Блумберг“.

Според анализата на изданието, намалувањето на земјиштето засадено со пченица во Австралија паднало за 7,5%, на 11,5 милиони хектари. Причина за таквиот пад е недостиг на гориво и ѓубриво. Ова е најниското ниво од 2019 година, забележува „Блумберг“.

Според аналитичарите, производството на пченица во една од најголемите земји извознички во светот би можело да се намали и до 20%, ако кризата на Блискиот Исотк потрае подолго.

Дополнителен удар би можел да дојде од сувата пролет, што би ги намалило приносите. Во тој случај, производството би се намалило и до 40%.

Ситуацијата со храната во регионот дополнително се влошува поради плановите на земјоделците во Југоисточна Азија за намалување на површините засадени со ориз.

Поврзани вести