Skip to main content

Санчез: И пред 23 години друга американска администрација предизвика војна на Блискиот Исток која донесе хаос во регионот

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја критикуваше војната што Израел и САД ја почнаа со напади врз Иран, коментирајќи дека е почната врз основа на лажни обвинувања кон Исламската Република.

Санчез ги спореди нападите врз Иран со американската инвазија против Ирак, која донесе хаос во регионот со години подоцна.

Пред дваесет и три години, друга американска администрација нè вовлече во војна на Блискиот Исток. Војна за која, во теорија се велеше дека се води за елиминирање на оружјето за масовно уништување на Садам Хусеин, воспоставување демократија и обезбедување глобална безбедност. Но, во реалноста, гледано во перспектива, таа војна произведе спротивен ефект, таа го ослободи најголемиот бран на несигурност што го претрпе нашиот континент од падот на Берлинскиот ѕид. Војната во Ирак предизвика драстично зголемување на џихадистичкиот тероризам, сериозна миграциска криза во Источниот Медитеран и општо зголемување на цените на енергијата“, истакнаСанчез.

Поврзани вести