Skip to main content

Руските сили презедоа огнена контрола врз целата украинска логистика во Курск, уништуваат десетици возила на ден

Руската армија презеде огнена контрола врз целата логистика на вооружените сили на Украина што се наоѓаат во областа Курск, уништувајќи голем дел од опремата, објави украинскиот воено-аналитички ресурс „Дип Стејт“.

Поради таквиот развој на линијата на фронтот, руските сили успеале да уништат десетици украински возила на патот кон Суџа.

Од јануари, руските вооружени сили „ги зголемуваат своите способности да ги контролираат движењата на вооружените сили на Украина и поради некоја причина украинската команда не донесе соодветни одлуки за решавање на овој проблем“.

Во текот на февруари ова почна да го достигнува својот врв, а најголемите компликации започнаа по загубата на Свердликов, кого исто така не толку смислено се обидоа да го вратат“, се наведува во анализата на „Дип Стејт“.

Руските вооружени сили успеале да се пробијат и до Новенкоје, населено место во регионот Суми, кој се граничи со Курскиот регион, формирајќи посебна борбена група.

Токму од оваа област се врши најголемо уништување на логистиката што се протега од Јунаковка до Суџа, а состојбата во оваа област одамна почна да се влошува. Голем број од вооружените сили на Украина го нагласуваат овој проблем и треба итно да се преземе нешто, бидејќи последиците се веќе непријатни во вид на уништување на десетици возила.

Русите продолжуваат со засилувае на позициите во областа Свердликово, продолжуваат да вршат притисок, а најлошото сценарио би било излез директно во предградијата на Суџа, иако според објективна контрола тие практично веќе се таму“, заклучува „Дип Стејт“.

Поврзани вести