
Загинат руски војник на фронтот се освестил на пат кон мртовечницата и опишал како се сретнал со старец со крст на капата.
Снајперскиот куршум што го погодил Дјулустан Иванов (по потекло од Јакутија) бил експлозивен. Оштетил неколку органи и му ги повредил пршлените.
Воопшто не требало да дише со такви повреди“, вели докторот кој го оперирал.
Неговото дишење и навистина престанало. Додека го подготвувале за операција, пулсот му исчезнал. Сепак, кога веќе бил прогласен за мртов и на пат кон мртовечницата, Иванов се освестил… Медицинската сестра која била сведок на тоа ја изгубила свеста.

Иванов раскажува дека го посетил задгробниот живот, а она што го видел таму го оставило преплашен.
Тоа беше еден висок старец со бела брада и крст на капата… Рече дека е прерано за мене…“, објаснува рускиот војник.

Овој човек пред ранувањето не бил верник. Сепак, врз основа на неговиот детален опис, свештеник заклучил дека на Дјулустан му се јавил Свети Лука Кримски. Кога на ранетиот му била покажана фотографија од светецот, тој веднаш го препознал.
Овој настан станал пресвртница за борецот од Јакутија. Тој набрзо по излегувањето од болница бил крстен, заедно со неговата свршеница и сестра.

Македонски






