Skip to main content

Руската ФСБ уби осомничен терорист кој планирал напади во Москва

– Руската разузнавачка агенција ФСБ застрела и уби осомничен терорист, се наведува во соопштението објавено денеска, пренесе ДПА .

Мажот планирал да активира рачно изработени експлозивни направи во еврејска институција во московскиот регион и една метро станица во Москва, соопшти ФСБ.

Тој се спротивставил на неговото апсење и бил „неутрализиран“ во процесот, соопшти руската агенција, пренесена од ДПА.

Руските државни медиуми објавија видео на кое се гледа мртво тело на осомничениот терорист.

ФСБ редовно известува за спречени напади, кои обично се придружени со апсења, особено откако во минатото во земјата беа регистрирани повеќе терористички напади што резултираа со многу смртни случаи и повредени.

Според ФСБ, човекот бил член на меѓународна терористичка организација која е забранета во Русија.

Тој планирал по нападите  да отпатува во Авганистан и да се приклучи на тамошната терористичка организација, наведува руската безбедносна агенција, пренесе ДПА.

Поврзани вести