
Руските граѓани повеќе нема да бидат затворани за нивната прва набавка на дрога, објавува весникот „Комерсант“.
Според изданието, Врховниот суд предложил укинување на затворските казни за прво одгледување наркотици или прва набавка без намера за продажба.

Исто така, предложено е намалување на максималната казна за производство, складирање, транспорт и купување на големи количини дрога од 10 на 5 години, а за особено големи количини, од 15 на 10 години.

Македонски


